Дали знаевте дека оригинално ќебапите се прават со мелено јагнешко месо во комбинација со говедско месо? Но, бидејќи јагнешкото месо не е секогаш достапно и често е многу скапо, тоа се заменува со мелено свинско месо. Без разлика која комбинација ќе ја изберете, ќебапчињата ќе бидат одлични. Има многу рецепти за ќебапчиња, овој е усвоен за домашна употреба и ќебапчињата излегуваат одлични, ровки и вкусни. Се разбира, исто така ќе ви требаат и лепињи, а рецептот за лепињи може да се најде ТУКА.

Состојки:

300 гр мелено јунешко месо
200 гр мелено свинско месо
1/2 лажица сол
1/3 лажичка црн пипер
1 јајце
2 лажици презла
1/3 лажичка сода бикарбона
2 лажици масло
1/2 кромид
2 чешниња лук

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во поголем сад за да добиете хомогена смеса. Оставете во фрижидер 1 час.
Потоа, формирајте ќебапи со намрсени дланки.
Додадете малку масло на тавата каде ќе ги печете или на скарата и рамномерно печете на сите страни.
Додека ги печете ќебапите, испечете го и лепчето на кое му треба околу половина час за да се испече. Комбинирајте со кромид и со буковска пипер, а ако сакате да си направите и макало од лук, рецептот ќе го најдете ТУКА.

На здравје!