Ние битолчани сме познати како големи гурмани и боеми. А обожаваме и лукче, па така и е создадено макалото од лук кое најчесто го комбинираме со утринската чорба, со скара и секаде каде можеме да си макниме со топло лепче. Овој рецепт е баш кафански и сигурно ќе ве бендиса.


Состојки

1 главица лук

3 лажици сончогледово масло
3 лажици топла вода
1 чаша ладна вода
2 лажици киселина
2-3 лути пиперчиња
сол околу пола лажиче
магдонос

Исчистениот лук се толчи убаво во аван, се додава сол и маслото малку по малку и се толчи дур не се направи кашеста смеса.
Се додава топлата вода и се меша.
После се додава ладната вода и киселината и се промешува.
На крајот се додаваат лути пиперчиња и магдонос по желба.

Ова е посно макало, а по желба може да се додаде јогурт или млеко и така макалото ќе стане уште побело.

На здравје!