Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото. На следната фотографија е црквата Константин и Елена позната меѓу народот како Влашка црква и претставува православен храм на влашката етничка заедница во Битола. Денес се наоѓа во населбата Стара Болница. Црквата била изградена во 1903 година, на местото каде сега се наоѓа Хотелот Епинал. Откако била срушена во 1969 година била повторно изградена во влашкото маало, на местото каде се наоѓа и денес. Фотографијата е од оштетувањата која ги претрпе за време на Првата Светска војна.