Игор Трајковски нов кружен напаѓач на Пелистер

Битолчанецот Игор Трајковски повторно ќе го облече дресот на Пелистер. Тој потекнува од ракометната школата на Пелистер ги има поминато сите младински категории, а во својата кариера покрај за Пелистер играше и за РК Битола, а беше и капитен на Работник Еурофарм каде играше од неговото оформување .

Популарниот помеѓу битолчани “ѕвер” му се ставува на располагање веќе в среда кога е закажана и првата прозивка во 2019-та година на тренерот Јошко Петковиќ. Денес во клупските простории постигнат е договор за негово враќање во матичниот клуб по пауза од 6 години .