Екипата на ЖРК Пелистер замина за Малта каде ја очекува настап во Челинџ купот, против Ла Сал од Малта.

Со пласманот минатата сезона во Женската лига, битолчанки изборија пласман во Челинџ Купот, а таму за противник добија дебитант. Овој тим досега нема учество во ниту еден од европските купови, а тој факт и фактот што доаѓа од неракометна земја, ги прави битолчанки големи фаворити.

Првиот меч се игра на 11 ноември во Мсида со почеток од 16:00 часот, додека реваншот ќе се одигра на 18 ноември во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 18:00 часот.

Извор Гол.мк