Денес во спортската сала Боро Чурлевски во Битола екипата на ЖРК Пелистер со тешка борба успеа да направи победа врз гостинската екипа на Гевгелија. На полувреме резултатот беше 21-17 и 32-30 крај што ни кажува дека неизвесноста беше присутна во текот на цел натпревар. За Пелистер Марија Анчева 13 и Драгана Стојанова 5 погодоци, додека за Гевгелија Јасмина Попова 11 гола и поренешната екс репрезентативка Драгица Митрова со 6 постигнати гола.

ЖРК Пелистер оваа година ќе презиме на 7мо место за разлика од прошлата 2018 година кога се наоѓаше на 4то место и се пласираше во Европските натпреварувања.

Фото и текст Димитар Петковски