Тимот на ЖРК Пелистер по подолго време се враќа на европска сцена. Со пласманот минатата сезона во Женската лига, битолчанки изборија пласман во Челинџ Купот, а таму за противник добија дебитант.

Ривал на македонскиот претставник ќе биде тимот од Малта, Ла Сал. Овој тим досега нема учество во ниту еден од европските купови, а тој факт и фактот што доаѓа од неракометна земја, ги прави битолчанки големи фаворити.

Европската ракометна федерација веќе ги потврди термините за двете средби од второто коло. Првиот меч се игра на 11 ноември во Мсида со почеток од 16:00 часот, додека реваншот ќе се одигра на 18 ноември во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 18:00 часот.

Извор Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here