Денес, после децении ривалство, изгледа дека Скопје и Битола ги закопаа секирите. Подадената рака дојде од град Скопје кој и подари на општина Битола три автобуси.

Оваа вест беше дочекана со воодушевување во градот на клавирите и од денес градот на трите автобуси подарени од Скопје. Но која е причината за ова? Фчерашни истражуваа.

  1. Отпадите во Скопје биле полни па немало каде да ги однесат автобусите
  2. Во Битола тајно се спрема „Музеј на патничкиот транспорт“ па се пуштени како експонати
  3. Опклада меѓу градоначалничката на Битола и градоначалникот на Скопје дали автобусите можат да стигнат од Скопје до Битола
  4. Битола е ионака презагадена па старите автобуси се совршени за таму
  5. Автобусите се некој вид на Тројански коњ. Што ќе излезе од нив ќе видиме
  6. Скопјани се дупат со битолчани. Во наредна пратка ќе им пуштат авион
  7. ЈСП пушти линии до Битола
  8. Лошите патишта се совршени за овој тип на автобуси
  9. „На подарен автобус не му се гледа ауспухот“ стара народна
  10. Скопје би дало и нови, двокатни автобуси ама во Битола нема толку луѓе за да наполнат цел таков………. Извор Фчерашни