1.Го чекаме асфалто кој е порачан од Кина, бидејќи таму е најефтин…

2.Заборајфме да наместиме цефка за гас, а таква само на слика имаме видено. Има некој спомнато дека еден ден Битола цела ќе се гасифицира, зато…

3.Чекавте цело лето, ќе почекате и една зима.

4.Се работи за големо растојание околу 0,1 километар.

5.Многу празници фатија, 2 Август Илинден, Кирил и Методиј, 8 Септември, 11 Октомври, 04 Ноември…Овие дена да ги работефме ќе завршефме. Башка и Рамазан.

6.Немаме црвена лента за сечење, и таја ја чекаме од Кина.

7.Од пред една недела знаевме дека ќе заврни снег да не почнуваме за џабе.

8.Ако сега се пушти во употреба ќе се заборај до следните избори.

9.Да се матка нешто мора.

10. Да се намали загадувањето од возилата во централното градско подрачје.

11.Напролет најубо фаќа асфалто. На зима од ладното ќе испука.

12.Ако ова ја завршиме, ќе треба да почниме некоја друга.

13. На цела мака од песокта плажа си напраја, нека напрат сега скејтборд парк да ги видиме.

14.Не ни е приоритет, за другите поважни работи повеќе сме посветени, за чистиот воздух, новите автобуси од Скопје, Офицерски, за Копанки…

15.Дванајсе години од претходните не беше чепната, сакате одма да ја напрајме?

16.Се беше договорено за утре, ама снег заврна.

17. Ќе дај Госпо.