Поларниот бран кој изразено ја зафати нашата држава во текот на изминатиот викенд услови многу ниски температури на воздухот кои како што и беше очекувано на повеќе места паднаа и под -10 степени.

Во текот на следните денови пак под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме позначителен пораст, особено на максималните дневни температури на воздухот кој во текот на утрешниот ден (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, за Битола до 10.

Времето ќе биде стабилно и сончево што значи позначителната облачност која во делови од државава ќе се намали, но повторно истата ќе се зголеми во текот на утревечер. Ќе има мало провејување на снег на повисоките делови од планините за вторник и среда, а исто така ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 3 до 12 степени.

Позначително затоплување на времето ќе има во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, Битола до 15, исто така релативно топло ќе остане и за време на викендот.

Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here