Утре 06.11.2018 г. во Техничкиот Факултет Битола со почеток во 17.00 ч. ќе се одржи презентација на фотоволтаичните системи, нивната работа и ефикасност, сите прашања и одговори на едно место.

Програмата ќе се состои од:

-Вовед на фотоволтаичната технологија

-Монокристални и поликристални модули

-On/Off Grid системи

Фрониус Инвертери

-Изведба на фотоволтаични инсталации

-Проектна документација

-Регулаторна Комисија за Енергетика, лиценци и откуп ел. енергија

-Обезбедување на финансиски средства и кредитирање

Презентери:

Ротари Клуб „Битола„ и „Широк Сокак„ г-дин Раде Христовски и г-ѓа: Оливера Марковска

Електро Технички Факултет г-дин: Благоја Стевановски

Ефикс Електрикал и Фрониус г-дин: Зоран Митрески

Проектантско студио Џон и Џони г-дин: Илија Петрески

Регулаторна Комисија за Енергетика г-ѓа: Анастасија Стефановска

Охридска Банка г-дин: Зоран Тодоров

Презентацијата и влезот се слободни. Регистрација за присуство: [email protected]

Име и презиме, тел. број и електронска адреса.

Повелете драги битолчани тука ќе имате можност да се запознаете како да имате електрична енергија добиена од сончевите зраци… Зошто да плаќате за енергија кога можете да ја имате бесплатно!