Учениците од II-4 од ОУ „Климент Охридски“ од Битола денес заедно со својата наставничка Весна Аврамовска Димитровска, го кренаа својот глас за подигнување на свеста за дијабетисот. Во нивното одделение има две дечиња со дијабетис тип 1. Пред присутните раскажаа мал дел од она што тие го поминуваат во текот на наставата и како сите заедно се борат да им помогнат на своите врсници.

„Ланската година кога бевме првачиња не бевме свесни што значи дијабетес, ниту јас ниту родителите. Меѓутоа како што врвеше времето увидовме во што се впуштаме и која борба ќе треба да ја водиме заедно со дечињата.

Со заеднички сили и со заедничка работа со родителите и со искрен пристап со сето она што се случува во училницата ние успеавме на многу умешен начин и да мериме гликемии и да се справуваме со ситуации, не само јас туку и учениците да препознаат состојба на дијабет, рече Весна Аврамовска Димитровска, одделенски наставник во ОУ„Св.Климент Охридски“ од Битола.

Повеќе ТУКА