Јовче Теофиловски (37) е еден од вработените во Сабина кој пред неколку дена даде сѐ од себе за да ја спаси нашата стара битолска чаршија.

Јофче Теофиловски пред Сабина

Тој буквално беше влезен во огнот и го ризикуваше својот живот за да се направи место каде со вода ќе може полесно и побрзо да се делува на опожарената чатија од дуќаните кои беа зафатени со огнот на тој 09.09.2019 г., ден кој долго време ќе го паметиме, за среќа само со материјална штета без човечки жртви.

Јовче насреде оган и чад
Јовче насреде оган и чад

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Имаше голема опасност пожарот да го зафати и нивниот дуќан и затоа сите вработени од Сабина преку нивното поткровје се качиле на ѓерамиди. Јовче бил буквално по влечки и влегол во ризик не размислувајќи што можи да се случи. Бидејќи од претходно имал искуство со чатисвање и работа на кров движењето горе било лесна работа за него. Од местото каде што излегуваше чад веднаш ги извадил и тргнал настрана ѓерамидите и со голи раце започнал да ги корни штиците се додека колегите не му донесоја казма. Отскривал сѐ додека може да го издрже чадот кој буквално го заобиколи. Потоа заедно со сите помагале и гаснеле со шмркот од пожарната и тоа траеше околу 4-5 часа.

Во вакви ситуации човек треба да е силен и издржлив, решен за да помогне до крај бидејќи нема време за колебање и назад…

Јовче Теофиловски рамо до рамо заедно со колегите и битолските пожарникари направија херојско дело кое Битола досега не памети.

Ваквата акција е одблесок на добриот однос на газдата кон вработените. Затоа нека земат пример другите газди дека можи еден ден да паднеш во раката на обичниот работник… коментираат битолчани.

Секоја чест за сите, ова се нашите вистински херои од “црвениот” тепих на чатијата од старата битолска чаршија…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here