Рената Гошевска маркетинг консултант во Интерворкс

Некој рекол дека убавината не е ништо повеќе од чувство на комфор во својата кожа, знаење и прифакање на она што си навистина ти. Покрај природната убавина која е несомнено застепена кај многу Битолчанки мислам дека чувството на самодоверба и комфор е она што ги издвојува од останатите. Иако за жал во последните години се повеќе се заборава дека елеганцијата е единствената убавина која никогаш не избледнува…. Можеби токму поради тоа убавината на Битолчанки преминува на страната на митовите.

Марина Христов донатор и член на WOMAN – World Organisation for Macedonian Awareness & Networking“

Убавината на Битолчанките е вистина која произлегува од еден префинет начин на размислување, однесување и живеење.
Тоа е традиција, која во себе носи стил и уметност, од “ништо” да може да створи “нешто”.
Убавината на Битолчанките е отсјај на самодовербата; а тоа е рефлексија на самопочитувањето.
Нема ништо посилно и поатрактивно од тоа.

Љубица Мушуланова Ристевска Шумски Фенери

Отсекогаш празникот 8ми март ме врзува исклучиво за мојата мајка и само како таков го признавам. Повеќе го одбележувам како празник за мајката отколку нешто друго. Сметам дека жените се избориле за своите права и дека тоа вреди да се слави и почитува, но никако тоа не го оправдува купувањето на поклони за наставничките или полна кафана со жени кои се однесуваат како никогаш да не излегле од дома и никако 50 посто попуст по продавници за жени да потрошат повеќе пари. За да стигнеме до ова скалило на почитување некои жени ги дале своите животи. Дефинитивно мит зошто смислата на празникот на жената одамна е изгубена и се слават и почитуваат некои вредности кои апсолутно немаат врска со големината на 8-ми март.