“Нашата заедничка љубов вкупно траеше околу 10 години и сакавме да ја оковечиме на еден посебен начин бидејќи и долги години сум страствен навивач на Пелистер” -ни раскажа Христијан Чинар Ристески кој живее во центарот на Битола.

Од мали нозе сум на трибините кои живот значат. Од секогаш ми беше желба да се фотографирам со саканата, мојата сегашна жена Александра, и да го овековечам денот на нашата венчавка и тоа баш на тоа место кое ме радува, ме исполнува и ќе ме исполнува цел живот …

“На сите девојки вљубенички на Пелистер и Битола им порачуваме да не се штедат и да подаруваат многу љубов кон навивачите бидејќи страствениот навивач најдобро знае што е љубов и верност”-ни потенцира Христијан на кого им посакуваме многу убави моменти во заедничкиот живот со Александра и уште повеќе слатки, мали зелено бели чкембарчиња…