“Пред Божиќ со македонски сирачиња”

По улиците и плоштадите брзаат луѓе со пакети во раце, влегуваат по продавници, бираат, купуваат … Со зелени елки итаат да ги однесат за радост на своите дечиња кои ги грее родителската грижа…

Ајде да отидеме до сирачињата македонци за да видиме како се празнува во нивната заедничка куќа. Трамвај запира среде многу развалкан булевар, од кој исто така преку каллива улица се стигнува до новата зграда на сиропиталиштето “Битола” …

Дечињата се македонци, повеќето од нив се од Кукуш. Од 7 до 14 години, според статутот. Само црнооката Натка е од Крушево и е помала, додека три деца се поголеми од 14 години. Тие се под морална обврска во сиропиталиштето се додека им се издејствува сигурна потпора од општеството. Меѓу нив е надарениот оратор на домот, Александар …

На глас се чита молитва после која момче и девојка со бели капчиња почнуваат да ја разнесуваат највкусната чорба. Какво е чувството кога гледате како триесет деца со задоволство сркаат од лажиците .

Тоа е вашата маса, драги деца. Другите деца ќе дојдат утре, заедно со Божиќната самовила, но на вашата маса ќе седне и Исус Христос!

Вечерта, дечињата ќе дојдат пред куќите на многумина од вас македонци. Бидете дарежливи за нив! Дајте им можност да соберат пари за сите бездомни браќа. И отворете ја душата зошто и Христос и Македонија велат: “Кој ги прифаќа, Мене ме прифаќа”.

Објавено во весник Македонија, 6 јануари 1927 година

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here