И понатаму временската состојба неповолно ќе влијае врз граѓаните па така и натаму кај дел од граѓаните можна е појава на главоболка, тешина на главата и на телото како и повремена нервоза а исто така е можна и несоница како и поспаност кај дел од граѓаните.

Наглите промени на временската состојба во Битола и битолско како на пример што се големите температурни разлики, поточно есенските минимални и летните максимални температури на воздухот, го прават биометеото да е неповолно кај поголем дел од граѓаните со што овозможува истите да чувствуваат повремени здравствени потешкотии.

Ваквата ситуација ќе се задржи и во текот на следниот период што значи и натаму биометеото кај нас ќе биде релативно неповолно па граѓаните да бидат подготвени на ваквите здравствени проблеми.

Понатаму повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи.

извор: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here