ПРВИОТ ГРАВИТАЦИОНЕН ВОДОВОД ВО БИТОЛА Е ИЗГРАДЕН ВО 1928 ГОДИНА И СО ВОДА СЕ НАПОЈУВАЛ ОД ПОДЗЕМНИ ВОДИ, А ПОТОА ОД “ДВАНАЕСЕТТЕ КЛАДЕНЦИ” – ВО ТОА ВРЕМЕ СО ВОДА БИЛЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ВОЕНИТЕ КАСАРНИ, ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ, БОГОСЛОВИЈАТА,
ДИВИЗИЈАТА И ЕДНА ТОГАШНА БАНКА, А ЗА ГРАЃАНИТЕ БИЛЕ НАПРАВЕНИ ДВЕ ЈАВНИ ЧЕШМИ. ВО СТАРТОТ БИТОЛСКИОТ ВОДОВОД РАСПОЛАГАЛ СО ЦЕВКОВОД ОД 4.100 МЕТРИ, А ДЕНЕС Е ИЗГРАДЕНА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО ДОЛЖИНА ОД 214.000 МЕТРИ. ВО 1931 ГОДИНА ВКУПНИОТ ПРИХОД ИЗНЕСУВАЛ 52.586, А ВО 1982 ГОДИНА ДОСТИГНА 167.457.842 ДИНАРИ.

Првото претпријатие за водоснабдување е формирано од Народниот одбор на Битола во 1951 година

Претпријатието „Водовод и бањи” е формирано на 12 април 1951 година од страна на Народниот одбор на Битола. Во тоа време му се пренесени основни и обртни средства во износ од 157.704 динари и вкупна водоводна мрежа од 19.240.метри во ситуација кога немаше ниту еден водомер. Битола тогаш имаше 38.000 жители, а вкупната потрошувачка на вода изнесуваше 3.456 кубни метри вода.

Практично, по ослободувањето започна и суштинското разрешување на водоснабдувањето. Со изведбениот проект во 1946/47 година беше зафатена водата од ХЕЦ „Сапунчица” која преку железно-лиени цевки беше одведувана до филтерската постројка лоцирана во с.Дихово. Но во оваа филтерска постројка водата се хлорираше, а не се прочистуваше. Во периодот од 1955-60 година, со интензивирањето на механичкиот прилив се наметна потребата од дозафаќање на водите од кај ХЕЦ .,Сапунчица” и изградба на нова филтерска станица со капацитет од 240 литри вода во секунда, лоцирана во месноста Довлеџик. Оваа филтерска станица е активирана дури во мај 1970 година и ја вршеше својата функција дури до јуни 1983 година.

Порадикални чекори во областа на водоснабдувањето се преземаат во 1970/71 година.

Имајќи го предвид фактот дека водоснабдувањето е придружено со низа проблеми, „Водовод и бањи”, заедно со сите заинтересирани фактори од градот презеде чекори за трајно разрешување на водоснабдувањето.

Извор Битолски весник од 80-тите

Leave a Reply