Во текот на утрешниот четврточен ден како и во петок ФЛОРИЈАН добро ќе ја покаже својата сила со тоа што ќе услови значително понестабилна атмосфера односно времето ќе биде променливо и нестабилно а уште од пладневните часови на многу места ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Локално за овие два дена ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2) па така во зоната на изразената нестабилност можна е појава на локални поројни поплави.

Поради ваквата ситуација граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.

Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени додека во петок ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец со што ќе услови и мал пад на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here