dav

Како што кажавме до самиот крај на оваа недела, но и во поголемиот дел од следната недела продолжува периодот на вистинското летно септемвриско време со високи температури на воздухот кој ќе бидат релативно натпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека од викендот во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 35 степени.

Времето во Битола и битолско ќе биде сончево, повремено со умерена облачност а ветерот кој со денови дува од северен правец и е со засилен интензитет полека ќе смалува на интензитет, со температури до 30 степени.

За време на викендот има услови само за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи што значи не се очекува ништо особено и засега нема на видик некоја голема промена на времето и изразен влажен бран и циклон што значи уживајте и понатаму во летото и искористете го за понатамошно продолжено плажирање.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!