hdr

До крајот на денешниот ден ќе дува засилен ветар од северен правец, времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Максималната температура ќе се искачи во интервалот од 5 до 13 степени.

Сончево со умерена облачност ќе биде и во текот на утрешниот неделен ден, облачноста ќе се зголемува во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник локално ќе провејува слаб снег.

Во понеделник веќе ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи, претежно од снег, иако на некои од пониските места има услови и за дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. На повисоките места и на планините повремено ќе бидат и со умерен интензитет, со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка за неколку сантиметри.

Услови за сосема мала снежна покривка има некаде и на пониските места, а температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање. Утре ветерот ќе ја намали својата брзина додека повторно ќе засили во понеделник и во вторник.

Во следните неколку денови минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени додека на планинските места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 10 степени.

Според сегашните анализи продор на изразен сибирски бран и за Битола и битолско може да очекувaме уште во првите денови од новата 2019 година.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here