Во текот на вчерашниот ден и покрај големиот ветер и нестабилното време поминавме 150 км…

Не се чудете, во Австрија има и семафори за точаци…

…тргнувајки од Виена према Знојмо, република Чешка…

Безбедноста во сообраќајот на прво место!

…каде битолчанецот Менде Трифуновски не однесе во забавниот парк Екскалибур Сити и си поминавме фантастично!

Денес од таму заминавме према Прага…

…временските прилики се тешки со многу ветар кој постојано обратно не турка и температура од 0 степени…

Кога пристигнавме во Прага не пречека температура од 27 степени. Овие денови имаме голема температурна разлика, секојдневно исцрпувачко темпо и возење кое трае од 6 – 8 и повеќе часови…

Поминуваме помеѓу 150-200 км. на ден и се надополнуваме од позитивната енергија која ја споделуваат возачите на автомобили и автобуси кои поминуваат покрај нас и не поздравуваат со свирка и мавкање со рака…

Наши помагатели за Виа Централа и најголемата поддршка се Црвен Крст-Битола, Премиум пиво, Бабук, Пекара Булевар, Миг Травел, Алкалоид Скопје, Кожувчанка, Космос Компани, Cofee House,ЈП Комуналец, ЈП Нискоградба, МПС, Скара Марија, Ел-Бох, Адвокат Бранко Колев, СН Финансиско друштво, Максидент, Џеко Пекара, Метал Апостолов, Queen Кавадарци, Мед-че Стојанов, ИПА Битола, адвокат Даниел Дани Ивановски, велосипедски клуб 15-ти Мај, Општина Новаци и www.babambitola.mk.

Графичка поддршка Ортограф и Петар Илиевски.

Ве поздравувам од срце мои битолчани!