Состојки:

400 гр брашно
1/2 коцка свеж квасец 20 g
1/2 чаша вода (млака)
2 лажици масло за јадење
1/2 лажица путер
1/2 лажичка сол

1 лажица мед
1/2 литар вода

сусам за прпелкање

Подготовка

1.Растворете го квасецот во млаката вода во вангла.
2.Додадете го брашното, солта, маслото и путерот.
3.Измешајте добро и доколку е потребно, додадете повеќе вода.
4.Замесете средно меко тесто. Оставете го тестото да се крева околу 40тина минути.
5.Поделете го тестото на 10-15 топки во зависност колку големи сакате да ви бидат ѓевречињата.

6.Исукајте го во долгнавеста форма секое топче и завиткајте го во форма на ѓеврече.
7.Во меѓувреме, ставете отприлика 500 мл вода во голем сад и оставете го да зоврие.
8.Додадете мед во водата. Варете ги ѓевречињата едно по едно или 2 одеднаш (зависи од просторот во тенџерето) околу една минута и ставајте ги на крпа да се упие малку течноста.
9.Потоа веднаш прпелкајте ги во сусам и редете ги тавче обложено со хартија за печење.
10.Се печат на 180 степени околу 40 минути, додека убаво да заруменат.