На 02.11.2019 нашиот битолски гладијатор Ристо Димитров Чурино ја имаше втората профи борба во ММА за оваа година каде уште во првата рунда го совлада Дарко Кнежевич од Србија.

По победата во Нашице, оваа во Белишце, Република Хрватска на “Baraber Fight Night” е уште една од низата освоени борби за шампионски појас на нашиот битолски ММА борец.

“Борбата течеше супер и како шо планирав. Прво го тестирав противникот затоа што не беше ни најмалку наивен и е искусен борец. Тој проба неколку удари со нога и рака потоа видов шанса и направив влез на нозе и со double leg takedown го донесов на земја на партер. Се бранеше силно, ама на земја јас сум подобар. Влегов во фулл моунт и го завршив неколку удари уште во првата рунда.

Секоја чест за противникот кој беше добар и јак противник со повеке од 100 борби во бокс, кикбокс и ММА.

Секоја чест на организаторот кој направи невидена организација и приредба. Фала на менаџерот Христијан Ускокович Ускок за одличната организација и дадената чест.

Благодарност до моите клупски колеги од UFC GYM Оман и Игор ММА Македонија за помошта и припремите, како и на Тигер Муаи Тхаи Тајланд за помошта и кампот во припремите.

Благодарност до спонзорите:

Le Petit Paris Gaffe, Muscat

Muscat Livestock

Al Raimi Jewelery

Eat Smart Supplemets и Тeam Habib за финансиската помош и кои ми го овозможија сето ова.

Голема благодарност и за Бабам Битола за медиумското покривање и поддршка.