Ден втори: Учесниците во кампот “Патоказ кон помирувањето” од Битола и Израел денес го искористија убавото време за заедничка посета на археолошкиот локалитет Стоби кој во неговите импресивни 1600 м2 археологија и историја ја има најстарата еврејска синагога (храм) во Македонија.

Во римскиот период тука покрај Црна Река водел значаен пат. Тоа е патот кој го поврзувал со патот Виа Игнација кај Хераклеја Линкестис, близу до денешна Битола, запознавајки ја и портата на градот што води кон Хераклеја.

На ова место учесниците во кампот добија појасна слика за некогашната големина на овие два центри и нивното влијание во развитокот на овај наш од историски аспект значаен регион.

Оттука самата близина на Штип се искористи за посета на споменикот на депортираните Евреи од овај град,

после што неизбежна беше и вкусната штипска пастрмајлија.

Нека им е на здравје на сите!