Ден по заминувањето на групата деца од Израел, групата од кампот “Патоказ кон помирувањето” составена од деца од Македонија и Германија поминаа незаборавно време во Св.Наум. Посетата ја започнаа со разгледување на црквата и манастирските конаци од каде продолжија со прошетка околу изворите.

Слободното време го искористија за капење во езерото на една од најубавите плажи на Охридското езеро.

Вечерта, во просториите на хотел Лозар, дружбата продолжува. Планирани се заеднички забавно-рекреативни игри карактеристични за младите луѓе од двете држави.