Младите од кампот Патоказ кон помирувањето, денес беа заедно во посета на нашето вековно светилиште Св.Наум во Охрид .

Денот помина во историја, дружење и размена на искуства. Вечерва на сите нив им се приклучуваат уште 18 млади од Германија, кои сите заедно продолжуваат во Скопје.

Таму наредните два дена ќе го посетат Музејот на холокаустот, старата скопска чаршија, излетничкото место Матка и други знаменитости кои Скопје ги има и може да ги понуди.