По трилер завршница со победа од Битола си замина португалскиот вицешампион Спортинг Лисабон, откако потешко од очекуваното ја потврди фаворитската улога и со 29-30 (16-15) го совлада македонскиот тим.„Фармацевтите“ имаа голема поддршка од битолската публика, која во текот на сите 60 минути им беше ветар в грб на ракометарите, но не успеа.Домаќинот го имаше и повратникот во составот, првиот стрелец од ланската сезона Владислав Остроушко, играше борбено, мотивирано, креативно и му создаде големи проблеми на гостинот, но во самиот финиш како да испушти здив и немаше сили за изненадување, па бодовите отпатуваа за Португалија.

Извор Гол.мк и повеќе за натпреварот прочитајте ТУКА