Одличен рецепт за совршено трилече. A tres leches cake, исто така познатa и како pan tres leches, е пандишпан торта натопена во 3 видови на млеко: кондензирано млеко, обичнo млеко со над 3% масленост и слатка павлака. Така трилечето го добило своето име што во буквален превод значи торта со 3 млека.
Трилече е многу популарен десерт во Македонија, лесен десерт кој се топи во устата, а ова е совршен рецепт кој може лесно да се подготви дома. Во овој рецепт наместо кондензирано млеко користев млеко во прав како подостапна варијанта.

Состојки:

За пандишпан:

  • 6 јајца
  • 100 г шеќер
  • 200 г брашно
  • 1/2 ќесичка прашок за пециво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер

За прелив:

  • 400 мл хопла
  • 300 г млеко во прав
  • 800 мл обично млеко

За карамел:

  • 300 г готов карамел, достапен во сите продавници, одберете подобар

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот и ванилиниот шеќер.
  2. Кога добро ќе ги изматите белките, додајте ги жолчите една по една и продолжете со миксирање. Додадете го постепено брашното измешано со прашокот за пециво и мешајте со миксерот исклучен или на најслаба брзина.
  3. Пренесете ја смесата во правоаголен сад за печење обложен со хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180 C степени. Нека се олади малку, а потоа избодете го пандишпанот со чепкалка за заби низ целата површина така што подобро ќе го впие целото млеко подоцна. Извадете го пандишпанот од тавата заедно со хартијата за печење.
  4. Потоа, турете ја хоплата во истата тава и вратете го назад пандишпанот превртен од другата страна и повторно избодете го со чепкалка за заби. Оставете да отстои 15тина минути.
  5. Млекото во прав се раствора во 150-200 мл млеко и се меша добро. Оваа смеса додадете ја на остатокот од млекото (600-650 ml) и ставете се заедно на шпорет да се загрее, не да врие. Жешкото (не врело) млеко потурете го врз целиот пандишпан и оставете да впие добро.
  6. На крајот нанесете го карамелот. Уживајте во прекрасниот десерт!