1. Сеуште се чекаш пред „Компирчињата“ или „Кај Сато“…

2. Си роден во Битола и барем еден од двата родители ти се родум од Битола, не од битолско …

3. Во сабота насабајле не мора да стануваш рано-рано во 10 сато да фатиш место за на кафе, имаш место и горе кај Шамбата, Шемата …

4.Имаш манато шопска со бокалче ракија “на кафе” во Јагода…

5. Ги познаваш Паљото, Идриз, Свежио и Перо Шуте…

6. Од се срце сеуште се надеваш дека ракометот и фудбалот повторно ќе заживеат…И нов стадион секако.

7. Во недела одиш на луфтирање Пелистер или Ниже Поле…

8.Се имаш капено по гаќи Капејнци или на Големо Езеро…

9.И ден денес уште ти студи од водата Дио на базен…

10.Очите ти плачат за Домот Копанки и Офицерски…

11.Ги имаш пробано најубајте ќебапи од кај Цане боксеро.И на бегање на ливче од кладилница сметка ти има напишано…

12.Имаш пиено послем 24.00 наливно од кај Мара виткано во весник, единствените кои не подлегнаа на борбата од прохибицијата…

13.Знаеш дека од битолчанки поубави и посредени чупиња сеуште никаде нема…

14.Ако не седниш на кафе низ Корзо, а пред то да не си прошетал надуен и намрштен во веѓите…

15.Не клаваш кацига на брзинското и веспата ако е џилера за да можат сите да видат кој вози…

16.Сеуште бараш да се врати рампата на Дулие. Огно да го изгори тој шо ја извај 🙂 …

фото Непознат извор