Прав битолчанец јади чорба барем еднаш неделно 🙂

Покрај омилената чкембе чорба, битолчани обожуваат да јадат и телешка чорба.

Ова е кафански рецепт за највкусната телешка чорба, а рецептите за макалото и за лепчето ќе ги најдете тука:

лепче

макало

Состојки:

500 гр телешко месо исечкано на мали парчиња
1 главица кромид
2 моркови
2 компири
1 поголемо парче пашканат
1 корен целер
100 мл масло
2 лажици брашно
1 кисела павлака од 200 мл
1 жолчка
сол
бибер
магдонос

Начин на подготовка:

1.Се запржува исецканиот кромид и се додава месото. Додадете вода колку да се покрие месото и динстајте на тивок оган околу еден час.
2.После 1 час, додадете го исечканиот на коцкички зеленчук, зачинете со сол и бибер, па додадете околу 2 л вода и продолжете со варење.
3.Откако ќе се свари и зеленчукот, направете запршка со 2 лажици брашно и додадете ја во чорбата. Варете уште 30тина минути.
4,Сосема на крајот откако ќе биде готова чорбата, разматете ја жолчката во павлаката и додадете ја во чорбата и убаво и брзо измешајте.
5.Се сервира во длабоки чинии и се посипува со ситно исецкан магдонос.
Обавезно се служи во комбинација со макало од лук и тазе печено лепче.

На здравје!