Тактилна изложба, 27.12. четврток во 13.00 часот, во Мала сала на Н.У.Завод и музеј Битола

Ве покануваме на свеченото отварање на Тактилната изложба со мотиви од колекцијата на Н.У. Завод и музеј Битола, во четврток 27.12.2018год. во 13 часот во нашата Мала сала.
Изложбата е наменета за слепи и слабовиди лица со единствена цел- достапност на нашата постојана музејска поставка до нив. Изработени се дваесеттина тактилни слики на специјална капсулна хартија, печатени на фузер, пропратени со адаптирани текстови и објаснувања на Браева азбука.
Во рамките на овој проект беа консултирани повеќе експерти од Република Македонија и Балканот, ( дефектолози, тифлолози, дизајнери, кустоси…) и направени се консултации со слепите лица од Битола низ работилници , организирани посети и состаноци.
Н.У. Завод и музеј Битола во последниот период реализираше повеќе стручни проекти за инклузија и достапност на културното наследство за лицата со попречености.
Изложбата е поддржана од Министерство за култура на РМ.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here