Татковци и ќерки – една вистинска љубов“, напиша на „Фејсбук“ Александар Тодоровски, споделувајќи го видеото во кое тој заедно со уште четворица татковци од Битола изиграа танц со нивните ќеркички, настап на приредба во градинка кој бил, всушност, подарок наменет за нивните сопруги, по повод 8 Март, Денот на жената. Видеото од овој несекојдневен настан, кое непрестајно се споделува и се шири на социјалните мрежи, ретко кого остава рамнодушен.

Идејата за едно вакво изненадување е на Анета Атанасовска и на тимот од градинката ,,Естреја Овадија Мара“, клон ,,Пролет”.
– Татковците во почетокот беа скептични, но потоа покажаа голема желба да ја научат кореографијата и да го реализираат изненадувањето. Тие го направија тоа за своите сопруги, мајките на нивните ќеркички. Танцот со нивните принцези го вежбавме околу две недели. Девојчињата се на 4 и 5-годишна возраст и успеаја да ја чуваат тајната и да не им кажат за изненадувањето на своите мајки – вели Атанасовска.

Освен неа, во работата со родителите биле вклучени и негувателката Елисавета Наумовска и Снежана Иваноска, професорката по музичко.

Извор Деца.мк