Денес на битолското Шеталиште започна обуката на уште 300 пилоти кои ќе бидат потребни за потребите на македонската авијација.

56 инструктори од најреномираните авијациски школи уште во месец јули се пуштени да ја спроведат оваа обука во Битола, но поради преполниот Широк Сокак и градското шеталиште беше оневозможено користењето на овие површини.

Ситуацијата денес ескалира и излезе на површина поради ветувањата во едно скопско село и за среќа и битолчани започнуваат со истата обука.

Шифрата за влез во Центарот за обука на градското Шеталиште е
“Бомба-Битола” и се држи во најстрога тајна. Обуката ќе трае до 01.12. 2019 кога се очекува и свеченото полагање на двата авиони кои се лоцирани на битолското Тумбе Кафе.

Инаку Центарот за Обука на пилоти е замислен и отворен за развој на пилотскиот кадар во РСМ за потребите на МОСМ за Општина Битола, Новаци и за Могила, реткост во државите на регионот кој е од големо значење и јасен сигнал дека нашата општина со голема брзина од 7 маха се придвижува кон ЕУ и НАТО.

Текстот е измислен и за забава на широките народни маси, дел од рубриката ЛабавО и со тенденција да ги следиме битните случувања кои се предвесник за развојот на нашата земја