Битолчанецот Сунаи Мифтар на 28ми Септември 2019 година повторно со професионална кикбокс борба во Швајцарија. Ова е неговата втора професионална борба во градот Волкетсвил, а за противник ќе го има Валдрин Игришта од Швајцарија кој е со албанско потекло.
Борбата ќе биде во категорија Кикбокс К1 и ќе биде обична борба, без титула или слично.
Дозволена тежина за борбата е на 67 кг .

Веќе долг период се спремам не стриктно за борбата, туку за сите предизвици што ќе излезат пред мене ова цело лето. Решив да си го посветам само на мене и спортот и затоа по завршувањето на семестарот останав во Скопје каде што тренирам со трикратниот светски и еднаш европски првак Димитар Ѓоргиев и неговиот тим КБК Работнички Адора на кој сум и јас официјален член. Поддршката од вас и мојата фамилија ми е од голема полза и ќе настојувам да се покажам во најдобро светло

… ни дополни нашиот битолчанец Сунаи Мифтар

Од нас му посакуваме добри припреми и со победа да ни се врати назад. Браво Сунаи!