Вчера во Битола започна првиот Меморијален Интернационален ракомете турнир „Боро Чурлевски“. Со учество на шест екипи од пет земји, турнирот го слави името на прерано починатиот ракометен ас, кој беше миленик на битолската публика.
Судискиот збор од Битола, сите судии и делегати на турнирот, средствата кои требаше да ги добијат како судиска такса, ги донираа со цел да се реновираат техничките простории во спортската сала „Боро Чурлевски“. Овој потег е за поздравување, а по првите сигнали, салата во Битола обива нов лик.

Дел од соблекувалните се реновирани, се работи на помошните простории, просториите за официјалните лица, новинарите и техничките простории. За гостувањето на репрезентцијата во октомври, се очекува салата да биде целосно реновирана.

Турнирот „Боро Чурлевски“ вчера започна со победи на Кокс и Олимпијакос против македонските суперлигаши Бутел и Пелистер.

Извор Гол.мк