Под влијание на студен бран од североисток до крајот на денов ќе имаме претежно облачно и студено време со локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините. Кон крајот на денот и навечер локални послаби врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Утре ќе провејува локален слаб снег и сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен северен ветер.

Најстудено ќе биде во петок наутро кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури до околу -15 степени.

Ваквото ветровито време ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот во котлините.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here