Стефан Дрогришки се врати во “својот” Пелистер. Детето на Пелистер , Стефан Дрогришки од денес е нов играч во зелено-белиот табот откако спогодбено го раскина договорот со претходниот клуб Еурофарм Работник .

Роден 1994-та година во Битола минувајќи низ сите школи на Пелистер првиот повик за прв тим го добива од екс селекторот на Македонија тогашен тренер на Пелистер , Звонко Шундовски за подоцна под раководство на Зарков и Поповски на 17 години ја добива шансата како млад и просперитетен ракометар во првиот тим на Пелистер.

Стефан Дрогришки екс македонски репрезентативец на Македонија кој играше на европското младинско првенство во Австрија како и со сениорите на Светското првенство во Франција на кое остави добар впечаток како млад играч а со успех тогаш настапувајќи за Металург под раководство на Лино Червар во Лигата на Шампиони , СЕХА Лига и СуперЛигата на Македонија.

194 сантиметри , високиот лев бек ќе биде големо засилување во стројот на Јошко Петковиќ во продолжение на СуперЛигата.

Стефан добро дојде назад во твојот дом РК Пелистер .

РК Пелистер