СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА е визуелна приказна која веќе шест години по ред сведочи за убавата стрaна на Битола, за нејзиниот европски дух, за љубовта и космополитизмот. Овој проeкт кој Центарот за европски развој и интеграција од Битола годинава го реализира самостојно, има за цел да создаде простор во кој професионалци и аматери преку своите фото објективи ќе ги раскажат своите визуелни приказни за Битола.

Оваа година по 6-ти пат на 09.08.2018 во ЧЕТВРТОК во кафе бар ПИЈАНО БАР со почеток од 19:00 ч. ќе се случи свеченото отварање на изложбата. Изложбата ќе ја отвори г-нот Лукаш Холуб Раководител на одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи; информации и комуникации од Европската делегација во Р. Македонија.

Во рамките на изложбата ќе бидат поместени 24 фотографии од 20 автори и 6 фотографии од стручното жири. Изложбата ќе биде отворена до 19.08.2018 г. и ќе има продажен карактер, а средствата прибрани со продажба на фотографиите ќе бидат искористени за финансирање на проектот во 2019 година.