hdr

Во текот на денот врнежите постепено ќе се поместуваат кон исток и на повеќе места ќе поминуваат во снег, со што снежна покривка понекаде ќе се формира и на пониските места, во вечерните часови облачноста краткотрајно ќе се намали па токму ова ќе услови значително опаѓање на температурите и утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 додека на планинските места ќе се спуштат и под -10 степени.

Веќе во текот на утрешниот ден циклонот НЕВЕН ќе услови ново зголемување на облачноста и најпрвин на запад, каде спаѓа и Битола и битолско, ќе има врнежи кој ќе бидат претежно од снег иако накратко на некои од пониските места можно е да бидат од дожд и снег, кон крајот на денот и навечер врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират на повеќе места со што ќе дојде до формирање на снежна покривка на повеќе места додека на повисоките места и на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поради ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица па поради ова на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ особено низ планинските превои.

Во продолжение погледнете ја очекуваната снежна поркивка низ Македонија во вторник претпладне

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here