До крајот на денот времето во државата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои локално ќе бидат и долги, во текот на ноќта кон утрешниот ден локално ќе има услови за провејување на слаб снег.

На последниот ден од оваа година ќе имаме повеќе облаци, а постепено ќе започнат и повремени послаби локални врнежи претежно од снег, на некои од пониските места има услови за дожд и снег. Ќе започне да дува и умерен, на моменти повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во крајниот југоисточен дел од државава.

За време на новогодишната ноќ локално ќе има слаби врнежи од снег, додека темперастурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -5 до 1 степен.

Сибирски бран нашата држава вклучувајќи ја и Битола и битолско, ќе ја зафати од четврток кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, на планинските места и под -15 степени.

Подготви: Славчо Попоски