На овогодинешниот државен болдер натпревар одржан на 22.12.2018 и 23.12.2018 во Скопје, најмлади членови на Спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола, Дориан Кузмановски и Елена Наумоска, за прв пат зедоа учество во болдер дисциплината на јуниори каде што се покажаа одлично и покрај големата конкуренција.
Додека пак во категоријата на сениори и двајцата нивни членови Марио Минчевски и Наталија Ристевска ги освоија првите места.

Од нас честитки и да продолжите со успеси понатаму…

СКК Вертикал Битола