Денеска, во склоп на акцијата “Дај свој придонес-засади дрво”, тимот на Синпекс ДОО и Зелена Берза заедно со одговорните работници за хортикултурното уредување при Клиничка Болница Битола засадија повеќе од 100 нови различни садници во дворот на истата.

Со желба за почиста и здрава околина, со овој гест, тимот на Синпекс ДОО сака да испрати позитивна порака до секој еден граѓанин и компанија и да апелира на зголемување на свесноста и зачувување на природата околу нас.

Ви благодариме Синпекс