Како општествено одговорна компанија, во текот на нашето тридецениско постоење, секогаш сме поддржувале иницијативи и акции за зачувување и одржување на нашата животна средина, што пак представува предуслов за благосостојбата на секој граѓанин.

Затоа се вклучивме и несебично ja поддржавме и иницијативата на Interworks, “Дај свој придонес-засади дрво”.

Со поддршка во садници, но и човечки ресурси Синпекс ДОО ќе засади околу 200 нови дрвца, на различни локации низ Битола, со што ја помогне оваа племенита акција.

Синпекс Битола