Денес во Битола по пауза од 14 години повторно ќе се игра еден натпревар од Лигата на шампионите, а прв противник на „фармацевтите“ ќе биде португалскиот тим на Спортинг од Лисабон.

Иако Еурофарм е дебитант во ова натпреварување во своите редови има ракометари со значителна минутажа во елитата, но и ракометари кои точно знаат како е да се игра Лигата на шампионите во салата „Боро Чурлевски“.

Милорад Кукоски, Никола Митревски и Михаил Петровски се тројцата ракометари на Еурофарм Работник кои во сезоната 2005/06 беа дел од тимот на Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите…

Извор Гол.мк и повеќе ТУКА