qrf_vivid

Моментално шест пожари се активни и ги пустошат шумите околу Битола. Пироманите ја сардисаја битолската околија над Ниже Поле, Ротино, Кажани, Цапари, Драгожани за што придонесува и слабиот ветер кој му ја отежнува работата на екипите од Противпожарната Единица на град Битола.

После големиот пожар во 2011 г. кога Битола ја изгуби цела планина, несовесноста на дел од граѓаните и нивната неодговорност и натаму продолжува.