Во една од најстарите населби во градот која од самиот почеток била со македонско население,обичај било покрај градењето на своите куќи да се остави и поголем широк простор кој ќе им служи на жителите за собири.
Населбата Гинимале (Јенимаале-тур.уeni mahaale-ново маало) била единствената населба во Битола со сретсело.
Населението што се доселувало со себе ги носело и своите обичаи.Секоја фамилија си имала своја слава.Но си имале и една најголема,заедничка.
Таканаречениот градски,односно селски Велигден.
Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.
Обичајот започнувал во четвртокот по Велигден кога гостите од селата доаѓале во црквата „Света Недела“ во Битола и присуствувале на вечерна служба во дворот на црквата.Таму се одржувал и голем народен собор на кој се играло и се пеело до зори.Петокот наутро на Балаклија веселбата продолжувала, а гостите продолжувале кон Битола.Оделе на сретсело каде што продолжувале ората и песните, а за ручек оделе во генимаалските роднини и пријатели.
Рускиот конзул Хитрово констатира дека доселениците во Гинимаале со себе го донеле сите навики,пред се на Православието,а потоа и на етно вредностите.Воедно нова и млада населба со сите нишани на македонската традиција,гинимаалци востануваат една своевидна институција единствена во Битола:Сретселото.
Сретселото е собир на сите млади,главно,односно сите жители на Гинимаале во неделни и празнични попладневија.Девојките имале за задача да испрскаат со вода и сметат а потоа кога сонцето паѓа зад Пелистер,да почнат да се собираат празнично облечени,најнапред со своите рурални носии,а со времето и со костуми на овај простор каде што требаше да се видат и бидат видени.Сретселото во Гинимале и денес е голем излог да се видат мештаните и пријателите,роднините и сите добронамерни луѓе расположени за Македонска народна песна и танец.
Денес гинималското сретсело живее еднаш годишно и тоа првиот петок послем Велигден наречен селски Велигден.
Тогаш цела љубопитна Битола им доаѓа на гости на гинимаалци,чии куќи се отворени,а балконите послани со разновидни и разнобојни јамболии,дифтици и килими.
Тука е присутно културно уметничкото друштво “Илинден” кое ја негува таа традиција до ден денес.

 

image

Текст и раскажувања на Ж.Здравковска,В.Соклевски и Д.Д.Такец

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here