Втората светска војна беше многу голема трагедија за еврејскиот народ. Војната започна на 6 април 1941 година. Германија ја нападна Југославија. Белград, главниот град на Југославија, бил бомбардиран три пати во првиот ден од војната. Бомбардирањето беше за “доручек, ручек и вечера” Југославија беше бомбардирана неколку дена.

Куќата каде живееше фам.Нахмијас и каде беше сместен Албанскиот конзул за WWII

Германската војска беше во Битола на 9 април 1941 година. Имаше многу промени за еврејскиот народ. Низ вестите циркулираа информации дека Германците ги прогонуваат Евреите. Во Монастир, Битола не можевме да одиме на училиште, бизнисите ни ги затворија, ако живеевте во центарот мораше да се преселите каде што ќе ви дадат стан заедно со другите евреи. Еврејскиот народ беше депортиран во еден ден, на 11 март 1943 година. Моите родители ја изнајмија нашата куќа на албанскиот конзул. Во 1942 година бев спасена од страна на албанскиот конзул. Тие ми помогнаа да ја поминам границата до Албанија, каде што живеев со нив дури траеше војната.

Рејчел (Рашел) Нахмијас како девојче

Албанските партизани беше многу добро организирани, силни. Тие со недели се бореа на улиците на Тирана (Албанија) пред Германците да се повлечат и да ја изгубат војната. Албанските партизани ја презедоа Тирана. Бевме слободни. Го прашав Албанскиот конзул што да правам, сакав да се вратам дома. Ги прашав и моите пријатели, евреи, кои преживеаја и живееја во Тирана, Албанија за време на војната. И тие одлучија да се вратат и дома. Комуникацијата беше многу лоша. Можеме да патуваме само со камиони, главно воени и ни требаа три недели да пристигнеме во Битола, Југославија. Патував со мојата другарка, нејзиниот брат, неговата сопруга и ќерката која имаше 2 години…

Сара Ароесте заедно со Рејчел за нејзиниот 100-ти роденден