1. Правило број еден, можи да се речи и најбитното правило е за Велигден да си пристоен, дотеран, испеглан, убав и авангарден. Типичен и нормален асли битолчанец.

2. Културен, мирен и присебен т.н. воспитан како шо треба. Дете од фамилија. Некултурата и насилството одамна во Битолата се клише и заостанати работи.

3. Доста е само по некоја чашка алкохол и јадење во умерени количини. Сѐ шо е претерано можи само да ја гушниш шољата и да си ги зафркниш празниците.

4. Без дрога Ве молам. Дрогата е стимуланс за слабичите. И наркоман никој неќи подома. Скарфејс е филм од осумдесеттите. Сега сме 2018.

5. Љубов. Давајте љубов насекаде. Кај вашите дома, кај другарите и пријателите. Ако треба и кај комшивката, сѐ разбира доколку “ѝ светнат очите”.

6. Културно со музика и забава поминете си ги Велигденските празници. Во друштво и смеа. Не паѓајте на провокации, има секакви лудаци на светот.

7.Велигден е голем христијански празник. За Велигден Исус Христос воскресна и со живот ја победе смртта. Го победи лошото со добро.Така направете и вие. Бидете убави, весели и добри. За многу години.