Викендот што измина беше обележан со уште еден интересен и позитивен настан – прославата за седмиот роденден на Лоотус Ј – центар за едукација и консултации.

Овој настан беше обележан во пица ресторан Кус Кус, во присуство на голем број ученици и соработници а за прекрасната атмосфера се погрижи 3G бенд, на кој напомош му се придружија и дел од самите гости на настанот правејќи го уште поеуфоричен.

Лоотус Ј постои од 2011 година како центар за едукација и консултации чија што основна цел е обезбедување на дополнителна едукација преку обуки од различни области и курсеви по Англиски јазик, Германски јазик, математика, компјутерски вештини и многу други…

За деца и возрасни, но покрај ова од оваа година своето работење го прошири и со нов дневен престој за деца од основно образование со што стана целосен центар за едукација кој што го нуди најдоброто за секое дете преку интерактивна настава, учење преку игра, но и индивидуална настава прилагодена за секого посебно.

За наставниот дел, покрај останатите се задолжени и М-р Бојан Кокоровски, М-р Симона Јовеска, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност Мелинда Станчевска и дипломиран одделенски наставник Јасмина Бошевска .

Во чест на својот седми роденден Лоотус Ј додели и 107 ваучери со попусти.

Погледнете ја галеријата

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here